Германскиот тенисер Александар Зверев победи на Мастерсот во Париз.
Зверев во мечот за титулата, што траеше само 76 минути, го победи домашниот тенисер Уго Амбер во два сета (2:0).
Германецот на Французинот му препушти само по два гема во обата сета (6-2 и 6-2).
За Зверев ова е седмата Мастерс титула во кариерата.