Во на машката ракометна Супер лига вечерва беа одиграни три натпревари од 10.коло, во кои Вардар. Е.Пелистер и Пролет славеа победи.

Во дербито одиграно во СЦ „Јане Сандански, Вардар славеше со 29-26 во дуелот со Охрид. По почетното испитување на силите во кое двете екипи се менуваа во водство, гостите направија серија од три гола и поведоа со 6-9. Имаа охриѓани во 17.моинута и втор пат три гола предност (7-10) и тука застанаа.

Неверојатна серија од 7-0 направија црвено-црните, кои не им дозволија на гостите повеќе од 12.минути да постигнат гол. Затоа вардарци на одмор заминаа со три гола предност 14-11.

Второто полувреме охриѓани го отворија со серија од 4-0 и брзо тие поведоа со 14-15. Долго време се играше гол за гол се до 50-тата минута кога беше 24-24. Следуваше серија на вардраци од 4-0 и водство од 28-24. Тоа се покажа како решавачки миг, па вардарци ја прославија деветтата победа, а резултатот на крајот гласеше 29-26.

Прв стрелец во победничката екипа беше Стефан Петриќ со 6 гола (сите во второ полувреме), а во поразената Живан Пешиќ постигна 7.

Шампионот Еурофарм Пелистер долго се „мачеше“ во дуелот со Бутел на гостински терен. Иако битолчани постојано беа во предност од 2-3 гола, и на тој натпревар, победникот беше решен во завршницата. Пелистер во финишот го скрши отпорот на Бутел и славеше со конечни 29-24.

Затоа пак во третиот вечерашен натпревар победникот беше јасен во раната фаза. Пролет на гостувањето кај Радовиш уште на полувремето имаше шест голови предност (14-8), за на крај да слави со 28-20.

Од ова коло останува да се одигра уште дуелот меѓу Прилеп и Босинов Фуит Ленд кој е закажан за утре.

Лидер на табелата со максимални 20 бодови е Алкалоид, пред Вардар кој има 18, а Е.Пелистер и Охрид собраа по 16.

СУПЕР ЛИГА (МАЖ) – 10.КОЛО

САБОТА
ВАРДАР – ОХРИД 29-26
БУТЕЛ – Е. ПЕЛИСТЕР 24-29
РАДОВИШ – ПРОЛЕТ 20-28
НЕДЕЛА
18:30 ПРИЛЕП –БИСИНОВ Ф.Л.
ПЕТОК
АЛКАЛОИД – КУМАНОВО 40-25
ТИКВЕШ – СТРУГА 38-30