Водечките екипи во Премиер Лигата имаа интересно попладне. Ливерпул триумфираше со пресврт над Брајтон со 2:1, додека Борнмаут им одзема 3 бода на Манчестер Сити со победа од 2:1.

Ливерпул прв прими гол на нивниот натпревар со Брајтон. Прв стрелец беше Керди Кадиоглу во 14.та минута. Ливерпул во вториот дел заигра многу поофанзивно тоа вроди плод со два гола за две меинути. Во 70-тата Гакпо стрелаше за 1:1, а во 72-та минута Мо Салах ги постави конечните 2:1.

Манчестер Сити имаше ден за заборав против Бормут. Домаќините со 2:1 му нанесоа пораз на англискиот шампион. Најпрво резултатот го отвори Семењо во 9.та минута. Во второто полувреме на 2:0 зголеми Еванлисон во 64.та минута. Почесниот гол за Сити го постигна Јошко Гвардиол во 82.та минута.

Ливерпул со оваа победа по 10 одиграни кола се искачи на првата позиција со 25 бода, додека Манчестер Сити ги следи со 23 бода. Брајтон се наоѓа на 7.та позиција со 16 бода, додека пак Бормут кој сезонава покрај Манчестер Сити триумфираше и над Арсенал е 8.мо пласиран со 15 бода.