Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски полека се враќа во препознатливата голгетерска форма. Штипјанецот вечерва постигна два гола за својата екипа Џирона.

Во дуелот од втората рунда во шпанскиот „Копа дел Реј“, екипата на Џирона го совлада нисколигашот Екстрамадура на гостински терен со 3-0.

Миовски беше стрелец на головите во второто полувреме, откако првиот во 12-тата го постигна Гил.

Првиот погодок Миовски го реализира во 58-мата, а вториот во 62-та минута.

Конечните 4-0 ги постави Мартинез. во 76-тата минута.