Понеделнички вообичаено се објавуваат најновите тениски рангираа. На машката АТП ранг-листа нема промени на првите десет позиции.
Во моментов најдобро рангиран македонски тенисер е Калин Ивановски кој е на 928-то место.
Сепак Калин кој поради повреда не настапуваше речиси цела година, следната седмица ќе напредува. Ова по настапот на турнирот во Братислава и победата над Американецот Александар Ковачевиќ кој се наоѓа на 99-тото место на АТП листата, ќе му донесе прогрес на Калин.
Калин веќе освои 1 АТП поен, но во зависност од текот на настапот во Братислава тој би можел да го зголеми своето конто. Во најмала рака следниот понеделник Ивановски би натпреварувал за 19 позиции.
Денеска Калин ќе игра против Милош Карол од Словачка koj e na 540-тото место на АТП листата. Почетокот на мечот е закажан за 14 часот.