Големото италијанско дерби во Серија А, донесе супер возбудлив фудбал и дури осум голови.
Во Милано, шампионот Интер и екипата на Јувентус одиграа без победник 4-4 и заслужија барем по бод.
Домаќините поведоа во 15,минута од пенал со голот на Зиелински. Следуваа два брзи гола на спротивната страна. Влаховиќ (20) и Веа (27) погодија за водство на Јуве од 1-2.
Сепак Интер беше оној што на одмор замина со предност. Михтаријан во 35-тата и повторно Зиелински од пенал (37.минута) го вратија водството за Интер (3-2).
Голеадата продолжи ви во второто полувреме во кое беа постигнати уште три гола.
По само осум минути игра (53) Дамфрис зголеми на 4-2 за Интер. Но фудбалерите на „старата дама“ не се откажаа. Младиот Турчин, Јулдиз кој влезе во игра во 61-минута постигна два гола. Во 71-та намали на 4-3, а во 82-та израмни на 4-4.
Исходот од овој дуел во прилог ми оди на водечкиот Наполи кој сега има 4 бодови повеќе од Интер кој е втор, односно пет повеќе од третиот Јувентус.