Франческо Бања, триумфираше на дождливото Гран-при на Тајланд, 18-та трка од сезоната во Мото ГП шампионатот.
Во Бурирам актуелниот шампион ја забележа деветтата победа сезонава, со која му го возврати ударот на Хорхе Мартин во борбата за титулата. Токму возачот на Прамак беше најблиску до Италијанецот, а на целта заостана речиси три секунди.
На третото скалило на подиумот се најде Педро Акоста од тимот на Гас Гас Тех3.
Бањаја ја намали разликата со Мартин на 17 бода на две трки пред крајот на сезоната. Следната трка е веќе наредната недела, за Големата награда на Малезија во Сепанг.