Големото шпанско и светско дерби, популарното „Ел Класико“ меѓу Реал Мадрид и Барселона, заврши со убедлива победа на гостите со 0-4.
Отворен и агресивен фудбал играа двете екипи, но онаа помладата, на Барселона покажа поголем победнички карактер.
Во првото полувреме, односно 30.минута, Мбапе ја затресе мрежа Барса, но голот беше поништен порази офсајд. На спротивната се заканија гостите преку Јамал, но тој обид заврши неколку сантиметри над голот на Реал.
Во вториот дел Реал напаѓаше но јалово, а Барселона ги искористи своите шанси преку брзите контри. Роберт Левандовски со двата брзи гола и донесе предност на Барса од 2-0. Имаше уште две огромни шанси Полјакот да стигне до хет-трик но трет гол не постигна.
Затоа пак, за третиот погодок на каталонската екипа, се погрижи Јамин Јамал.кој стана најмладиот играч што постигнал гол во „Ее Класико“. Печат на убедливата победа стави Рафиња за конечни 4-0.
Барселона ја прекина својата низа од четири порази против Реал за кој прекина и низата од 42 натпревари во Ла Лига без пораз.
За Барселона 10-та победа во 11-тиот натпревар, па има 31 бод, шест повеќе (25) од Реал кој е втор.