Во Остин, САД љубителите на Формула 1 викендов може да уживаат во големите возбудувања што ги носи 19-тата трка во првенството. Две супер интересни трки можеа да видат љубителите на овој спорт, а како најава на американското Град-при.

Во првата спринтерската најбрз беше актуелниот шампион Макс Ветстапен.

За прв пат по 29 јуни, Холанѓанецот се искачи на највисокото место на пиедесталот. Верстапен водеше од почеток па се до крајот и прв ја мина целната линија. Најблиску до него беше Карлос Саинц од Ферари, а возачот на Мекларен, Ландо Норис го комплетира подиумот.

Со ваквиот поредок Верстапен ја зголемил предноста во генералниот пласман пред Норис за уште два поени, па разликата меѓу нив сега е 54 поени.

Сепак, Норис ќе биде оној кој ќе стартува од полупозицијата, откако Британецот беше најбрз во квалификациите. Зад Норис, а во првиот старен ред ќе биде Верстапен, додека од вториот ќе бидат возачите на Ферари, Сајнц и Леклер.

Стартот на американското Гранд-при е во 21 часот.