Екипата на Ливерпул дојде до минимален триумф против Челзи. Со резултат од 2:1 „црвените” на „Енфилд“ пред своите навивачи го совладаа Челзи.
Првото полувреме делуваше здодевно и еднонасочно. Ливерпул контролираше игра и по пеналот на Салах во 29-та минута поведе со 1:0.
Во второто полувреме се разбуди и разигра Челзи. Во 48-та минута Николас Џексон изедначи на 1:1, а веќе во 51-та минута Куртис Џонс зголеми на 2:1. До крајот на натпреварот резултатски промени немаше, а неостварени шанси во голем број и на двете страни.
Ливерпул се врати на првото место во Премиер Лигата со 21 бод на 8 одиграни кола. Челзи останува на 6.та позиција со 14 освоени бода.