Актуелниот светски шампион и лидер Макс Верстапен, беше најбрз во квалификациите за спринтот за Големата награда на САД во Остин.
Холанѓанецот кој е и лидер во генералниот пласман до првото место со 13.илјадитинки побрзо време од д Џорџ Расел од Мерцедес. Третата позиција ја зазеде возачот на Ферари, Шарл Леклер (+0,0226).
Возачот на Мекларен, Ландо Норис кој е конкурент на Верстапен за титулата имаше четврто време. Британецот заостанува 52 поени зад Верстапен на шест трки до крајот на сезоната.
Спринт трката ќе се вози вечерва од 20 часот, а квалификациите за стартот на американското Гранд-при се на полноќ. Стартот на трката за Големата награда на САД е утревечер од 21 часот.