По убедливата победа во првиот натпревар со 42:31 против Драгунас Клаипеда екипата на Алкалоид со голема предност ќе патува на реваншот по седум дена во Литванија.

Тренерот на Алкалоид Кирил Лазаров, по дуелот на прес конференцијата потенцираше:

Горд сум на мојот тим. Имавме респект за тимот на Клаипеда, кој покажа дека е квалитетен тим.

Никој не очекуваше победа од 11 разлика, но нема да се опуштиме, сакаме победа и во реваншот.

Го предвидов и текот на натпреварот особено што нерешено беше во првиот дел од дуелот.

Ова беше натпревар со европски ритам, играчите видоа дека нема фолирање.