Македонските ракометни екипи вечерва ги играат првите натпревари од ЕХФ Европскиот куп.
Освојувачот на Купот на Македонија, Алкалоид ја пречекува литванската екипа Драгунас Клеидепа, додека ГРК Охрид е домаќин на романскиот тим Потаиса Турда.
Двата македонски тима првиот натпревар го играат пред домашна публика.
Ја имаме улогата на фаворит, но треба да бидеме внимателни.
Не е потребен притисок врз играчите, но јасно ми е дека првите петнаесетина минути ќе бидат исклучително тешки. Сепак на крајот најважно е да победиме, а за успешни настапи потребни се победи на сите натпревари.
Противникот не е атрактивен, но е со подобар квалитет од ланската сезона“,
изјави тренерот на Алкалоид Кирил Лазаров.
За ГРК Охрид ова е враќање на европската сцена по седум години пауза.
Не се плашиме и нема да ги потцениме гостите.
Тие ја имаат фаворитската улога имаат повеќе меѓународно искуство. Но, ние ќе направиме се на крајот Охрид да се радува.
Публиката ќе биде од голема помош, очекуваме спектакл Охрид, едноставно ова ќе биде ракометен празник во Охрид“,
истакна тренерот на Охрид Стевче Алушовски.
Натпреварот Алкалоид – Драгунас се игра во салата Автокоманда во Скопје, додека дуелот Охрид Потаиса Турда во СЦ „Билјанини извори“ во Охрид. Почетокот на двата натпревара е во 19 часот.