Освојувачот на Купот на Македонија, Алкалоид в сабота го стартува новото европско натпреварување.

По ланскиот настап во Европската лига, Алкалоид во рамки на второто коло од Европскиот куп ќе игра против литванскиот тим Драгубас Клаипеда.

Ова е нов предизвик. Имаме неатрактивен, но опасен противник предводен од шпански тренер. Во споредба со лани оваа екипа напредувала за 30-35 %.

Мора да бидеме внимателни особено што овој куп се игра со поинаков систем дома-гости. Ветувам дека нема да ги потцениме. Воедно играчите ќе немаат притисок за победа со поголема гол-разлика. Важно ќе биде да победиме.

За да продолжиме во следното коло ќе мора да победуваме на сите натпревари.

Но, не бегаме од фаворитската улога, ќе биде тешко особено првите петнаесетина минути и ќе мора да дадеме максимум“,

изјави тренерот на Алкалоид Кирил Лазаров.

Екипата од Автокоманда е во одлична серија од седум победи во домашната лига, како и триумф во Супер купот што е воедно осум победи во новата сезона. Сепак е прв евронатпревар за оваа екипа сезонава.

Ќе одиме чекор по чекор. Лигата на шампионите е на многу високо ниво, како и Лига Европа.

Ние сме во ова евро натпреварување, каде има исклучително амбициозни екипи, затоа ќе треба и ние да сме подготвени максимално за секој натпревар“,

потенцираше Лазаров за тоа која е целта на Алкалоид во евронатпреварите.

Натпреварот Алкалоид – Драгунас се игра во салата Автокоманда утре (сабота) со почеток во 19 часот.