Македонската тенисерка Лина Ѓорческа новата седмица ја почнува на 260-тото место на ВТА листата. Тоа е за три позиции подобро рангирање за Лина во однос на претходното.
Што се однесува до самиот врв на ВТА листата, Ига Швјонтек и натаму е водечка, но сега само со 69 поени повеќе од Арина Сабаленка. Белорусинката го искористи отсуството на полската тенисерка на турнирот во Шангај, на кој Сабаленка стигна до трофејот.
Американките, Коко Гоф и Џесика Пегула ги сменија позициите, па сега Гоф е трета, а Пегула четврта.
Од 5 до 9 место на листата нема промени. Затоа пак сега 10-та е Бразилката, Беатриз Хадад Маиа, на сметка на Барбора Крајчикова која падна на 13-тото место.