Премиерното коло од новата сезона во женската кошаркарска Прва лига, не донесе изненадувања. Фаворитките ги оправдаа улогите и забележаа лесни победи.

Во првиот круг од натпреварите во „Б“ групата, многу важна победа за кошаркарките на Струга кои на гостински паркет славеа против Шкупи. Убедлив настап, во Гостивар, имаа младите кошаркарки на Тим спорт кои славеа со високи (82:27), додека третата гостинска победа во првото коло ја реализираа кошаркарките на Охрид, беа подобри од Риниа (52:39).

ПРВА „А“ ЛИГА – 1.КОЛО
Патриот 2017 – Крива Паланка 86:112
Пробаскет – Вардар 50:75
Бадел 1862 – Баскет кам 53:73
МЗТ Скопје Аеродром – Куманово Гризли 2:0 службен резултат

ПРВА „Б“ ЛИГА – 1.КОЛО
Шкупи – Струга 2009 49:51
Риниа – Охрид 39:52
Гостивар – Тим спорт 27:82
денеска 15.10 Јан Бор – Пониква 2022