Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија од 18 часот игра против Ерменија во Ереван.
Селекторот Милевски веќе го одбра стартниот тим со кој ќе го започне натпреварот. Меѓу почетните 11-мина, а по суспензијата се враќаат Стојков и Серафимов, а меѓу стартерите во одбрана е и Манев како алтернатива за Муслиу.
Ова е натпревар од третата по квалитет конкуренција „Ц“ Лигата на нации, а во 4.коло од четвртата група.