Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија денеска ќе го игра четвртиот натпревар во Лигата на Нациите.
Македонските фудбалери гостуваат во Ереван кај Ерменија во можеби решавачкиот натпревар за првото место. Ова е дуел од третата квалитативна „Ц“ лига во рамките од групата „4“.
Во неа Македонија е лидер на табелата со 7 бодови, а Ерменија е втора со 4. По нив следуваат Летонија 3 и Фарските Острови со 2 бода.
Затоа овој натпревар е од огромно значење, па со евентуална победа нашата селекција би имала недостижна предност пред одигрувањето на последните два натпревари во ноември.
Победата е императив, едногласни се од таборот на црвено-жолтите, па макар било тоа и со 1-0, потенцираше Столе Димитриевски на официјалната прес-конференција.
Во првиот дуел одигран минатиот месец во Скопје , Македонија го скрши отпорот на Ерменците во вториот дел. Иако во него играа без исклучениот Зајков, селак Барди и Миовски донесоа триумф со 2-0.
Избраниците на Милевски во овој натпревар влегуваат со поголема самодоверба по победата над Летонија со 3-0. Затоа пак Ерменците се со уште поголем притисок бидејќи во минатото коло одиграа 1-1 со Фарските Острови.
Сега Милевски на располагање ќе ги има Зајков и Серафимов на кои им заври суспензијата поради картони. Единствено неизвесен е Муслиу. Селекторот Милевски очекува кој и да добие шанса на денешниот меч, дека ќе даде и повече од својот моментален максимум, со цел да се освојат трите бода.
Натпреварот во Ереван меѓу Ерменија и Македонија ќе почне од 18 часот.