Голема победа остварија најдобрите македонски фудбалери на гостувањето во Ереван против Ерменија. Во дуел од 4.коло на Лигата на нациите, репрезентацијата на Македонија славеше со 2-0 со што го потврди првото место на табелата.
Во четвртатата минута Никола Серафимов со помош на противничкиот голман ја затресе мрежата на домаќинот. Но наместо водство на Македонија од 1-0, арбитрите се решија да го поништат голот поради наводен офсајт.
Во продолжението, двете селекции играа отворено и напаѓачки, сепак без конкретна шанса, па првиот дел заврши со пролетниот резултат (0-0).
На стартот на вториот дел домаќините во два наврати се заканија, но Столе Димитриевски беше на висината на задачата.
Во 61-та минута по обидот на Барди од слободен удар, домашниот голман кратко ја одби топката, а Велковски од 2-3 метри не успеа да ја смести во ерменската мрежа.
Затоа пак домашниот голман Чанчаревиќ не можеше да стори ништо во 72.минута кога Бојан Миовски „стрелаше“ прецизно и ефектно за водство на Македонија од 1-0.
Во 85-тата минута по одличната контра и акцијата на Елмас и Барди, со прекрасен гол Алими ја потврди победата на Македонија.
Со овој епилог Македонија е убедливо прва на табелата со 10 бодови, пред Ерменија која остана на 4.
Во ноември, македонските фудбалери ќе ги одиграат последните два натпревари и тоа на домашен терен со Летонија и Фарските Острови.