Во заостаната натпревар од 3.коло на женската Супер лига ракометарките на Металург Автокоманда ја впишаа и тертата победа. Тие попладнево на домашен терен славеа убедливо со 38-13 во дуелот со Овче Поле СУ.
Од самиот почеток па се до крајот домашните ракометарки беа во водство кое постојано го зголемуваа. Веќе на полувремето имаа двоцифрена предност (20-7), па вториот дел само рутински го одработеа.
Стефани Ристиќ со 7 голови беше најефикасна во победничката екипа за која Таида Беровиќ 5, како и Јована Ангеловска за гостинките.
Ова беше првиот од трите натпревари кои Металург ќе ги одработи во овие три дена. Веќе утре следува натпревар против Пелистер на домашен терен, а в недела гостува на Куманово.
За викендов закажани се уште два натпревари од петата и шестата рунда.
СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – 5 и 6 КОЛО
12.10.2024 – САБОТА
13:00 ВАРДАР – ДЕСПИНА
16:30 МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ПЕЛИСТЕР
13.10.2024 – НЕДЕЛА
12:00 АСТИБО – СКОПЈЕ
14:00 КУМАНОВО – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА