Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска со отчет за сработеното во првите 100 дена од формирањето, а ова ново министерство.

Ристовски отчетот го започна со затекнатата ситуација при трансформацијата на оваа институција од Агенција во Министерство.

„Она што затекнавме во македонскиот спорт фигуративно кажано, не почнуваме од нула туку тргнуваме од минус два (-2). Затекнавме не функционална институција со покренато обвиненија за корупција поради неправилностите во работата во Агенција за млади и спорт, за што постојат и обвиненија. Наидовме на голем број пречки што ја пролонгираа и отежнаа трансформацијата. Затекнавме нетранспарентни постапки, лоши терени и потрошени милиони државни пари, без конкретни резултати. Затекнавме руинирани спортски сали, почнат и недовршени проекти, со големи отстапувања од она што било пријавено и тоа што било реализирано, објекти во кои не постојат“, истакна Ристовски.

За салата „Младост “ во Неготино, во најкраток можен рок ќе поднесеме кривична пријава за поранешен директор на Агенцијата за млади и спорт.

Ристовски најави дека прва цел на министерството е реконструкција и изградба на нова спортска инфраструктура. Воедно тој најави транспарентност и отчет, за постапките и сработеното.