Понеделнички вообичаено се објавуваат најновите тениски рангирања, но денеска тоа е случај само во женската ВТА листа.
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на новото рангирање бележи пад до дури 30 позиции. Тетовката сега на 263-тото место на ВТА листата со 266 бодови.
Убедливо прва и натаму е Ига Швјатек од Полска со 1.060 бодови повеќе од Белорусинката, Арина Сабаленка.
Следуваат двете Американки, Џесика Пегула и Коко Гоф кој направи прогрес од две места. Тоа е на сметка на Елена Робакина и Јасмине Паолини кои паднаа за една позиција.
Листата од ТОП-10 ја заокружуваат: Кинвен Женг, Ема Наваро, Даниеле Колинс и Барбора Крејчикова.