Екипата на Барселона впиша уште една победа во шпанската Ла Лига. Најзаслужен за овој триумф беше Роберт Левандовски кој оствари хет-трик.

Полјакот ги постогна сите три гола за каталонскиот тим кој на гостувањето кај Алавес славеше со 3-0.

Целата работа беше завршена уште во првите 30 минути, кога Левандовски три пати ја затресе домашната мрежа.

За Барселона која во претходното коло загуби од Осасуна, ова беше осмата победа на деветтиот натпревар.

Каталонскиот тим сега пак има три бодови повеќе во однос на литиот ривал Реал Мадрид кој е втор на табелата.