Двете македонски екипи кои ја претставуваат Македонија во ЕХФ Европскиот, Металург Автокоманда и Чаир денеска ги имаа првите настапи. Во дуелите од второто коло во квалификациите, ефектот е половичен, пораз и победа.
ракометарките на Металург Автокоманда се пред елиминација. Ова откако тимот на Металург го загуби првиот меч со турската екипа Гореле со 28-36. Марија Јанкуловска со девет гола беше најефикасна во македонската екипа за која Сара Миновска постигна пет.
И вториот, односно реванш, натпреварот ќе се игра на теренот на противникот веќе во понеделник од 16 часот.
Чаир гостуваше во Луксембург кај составот на Керженг. Чаирчанки го добија првиот меч со 26-24 (11-131) и си ја отворија вратата кон следната рунда. Теодора Дукоска со 10 постигнати голови беше прв стрелец во екипата на Чаир, но и на натпреварот. Одличен настап имаше и Стефанија Ѓорѓиевска која постигна шест гола.
Реванш дуел скопската екипа ќе го играат на домашен терен и тоа 13 октомври од 19 часот.
А, утре македонскиот шампион Ѓорче Петров ќе гостува во шведска кај екипата на Х65 Хурс.
Тоа е натпревар од прелиминарната рунда во Европската лига, а доколку „Лавиците“ успеат да го минат овој противник во плеј-офот за влез во групите би играл против францускиот Париз.