Манчестер Сити триумфираше со 3:2 против Фулам, додека Арсенал со резултат од 3:1 ги доби Саутхемптон. Но, двете најмоќни екипи во Премиер Лигата се мачеа многу на овие натпревари.
„Граѓаните” без Родри покажуваат дека не се таа екипа којашто доминираше низ евопскиот фудбал. Додека пак Арсенал се намачи доста против Саутхемптон, а историски гледано тоа секогаш било така.
Фулам прв поведе на натпреварот во 26.та минута со голот на Переира. Брзо врати на 1:1 Матео Ковачиќ во 32.та минута. За 2:1 стрелаше повторно Матео Ковачиќ во 47.та минута.
Сити го поправи пристапот и „загриза” посилно и зголеми на 3:1 со голот на Доку во 82.та минута. Но, „граѓаните” „грицкаа нокти” до самиот крај бидејќи Муниз стрелаше за 3:2 во 89.та минута.
Арсенал пак иако на хартија дојдоа до лесна победа против Саутхемптон, сепак „светците” покажаа добра партија против Арсенал.
Први поведоа светците во вториот дел во 55.та минута со голот на Арчер. Арсенал се врати во игра со голот на Хаверц за 1:1 во 58.та минута. Габриел Мартинели од клупа зголеми на 2:1 во 68.та минута, а Букајо Сака постигна гол за 3:1 во 88.та минута.
Манчестер Сити е втор во Премиер Лигата со 17 бода на 7 одиграни кола, додека Арсенал е трет со исто бодови во исто одиграни кола, но „граѓаните” имаат подобра гол разлика. Саутхемптон се наоѓаат на 19-то место со еден бод на седум одиграни кола. Фулам е 6-то пласиран во Премиер Лигата со 11 бода на 7 натпревари.