Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери за претстојните дуели со Летонија и Ерменија. Две гостувања ќе имаат македонските фудбалери во овој октомвриски „прозорец“ во Лигата на нациите. 

Со Ерменците веќе одигравме еден натпревар и го добивме со 2-0, а со Летонците ќе играме уште еден во Скопје во ноември.

Селекторот Милевски очекува далеку подобро издание во овие дуели, отколку на претходните два. Голем хендикепи секако е што најголемиот дел од репрезентативците, немаат минутажа во своите клубови. 

„За жал пак имаме играчи на кои сметавме, но имаат повреди.

Трапановски ќе паузира четири до шест седмици. Се надевам Трајковски ќе биде фит и ќе ни се стави располагање.
Дарко Велковски нема клуб, а не сум задоволен од статусот на Елези во Бохум. 

Останатите се надевам пред се ќе бидат здрави, а потоа и способни да се стават во функција на тимот.

Не можеме да зборуваме за натпреварувачка форма, тимот го градиме веќе три години и не сме во позиција да го менуваме секој собир.

Фудбалерите кои се повикани се најдобри во моментот, без разлика за формата“,
изјави селекторот Милевски.

По двете одиграни кола во „Ц“ лигата, црвено-жолтите со победа и реми се лидери на табелата во втората група. Со под помалку (3) зад нас се токму претстојните противници. 

„Нé очекуваат уште четири натпревари, сите се важни. Ме радува што ние се прашуваме за распоредот на табелата. 

Благоја Милевски: Задоволен ќе бидам ако и по овие натпревари останеме на првото место во групата“,

нагласи селекторот Милевски

Првиот натпревар црвено-жолтите ќе го играат на 10 октомври во Рига против Летонија, а три дена подоцна (13 октомври) гостуваат во Ереван.