Еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња, Дарко Панчев своевремено ги носеше дресовите на Интер и Црвена Звазда. Нивниот вечерашен дуел од Лигата на шампионите беше причината весникот „Газета дели спорт“ да направи интервју со Панчев.
Популарниот „Кобра“ покрај анализата за овој натпревар, говори и за времето од неговиот престој минат во Милано.
Панчев меѓу останатото говори (пишува) дека за неговиот „неуспешен“ престој на „Џузепе Меаца“ биле виновни тогашните раководни структури на клубот.
„Чувствата ми се позитивни, но погрешивте ако и вие го делите тенденциозно пласираното мислење дека Дарко Панчев е лут огорчен и полн со омраза кон Интер.
Нема вистина во тие злонамерни дезинформации зошто Интер е само име, респектабилно спортско друштво, институција која постоела постои и ќе пости. Не маже да биде обвинета.
Јас бев разочаран, огорчен од постапките однесувањето на одредени особи во одреден временски период. За жал токму тогаш кога бев јас во Милано.
За ступидноста и однесувањето на тие не компетентни и не соодветни ликови на нивните позиции неможе да одговара на на името (Интер). Тие се конкретно виновни, тие имиња колку и каква штета ни нанесоа на клубот и мене добро зборуваа и фактот дека на Интер по нивното заминување му требаа т 15 години да се врати во нормала победничките патеки“.