Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман стави крај на репрезентативната кариера.
33-годишниот напаѓач беше една од главните ѕвезди на Триколорите во текот на неговата кариера, играјќи клучна улога. Тој играше во финалето на Европското 2016 и Светското првенство во 2022 година, 2018-таѕа стана и светски првак.
За прв пат од почетокот на неговата кариера во Франција, Гризман отпадна од стартната постава за Дидие Дешам. Гризман во полуфиналето на ЕП 2024 против Шпанија и во нивните два натпревари во Лигата на нации во септември не беше меѓу стартерите.
Дали е тоа една од причините за негово повлекување од репрезентацијата, останува засега не одговорено!?
„Го затворам ова прекрасно поглавје од мојот живот, благодарам за сите спомени“, изјави Гризман.
Грузман за Франција настапи на 137 натпревари, постигна 44 гола, а додаде и 38 асистенции. Со Триколорите го освои и Светското ппрвенство и Лига на нации