Рускиот тенисер Андреј Рубљев е последниот кој обезбеди пласман во четвртфиналето на турнирот во Пекинг.

Тој утринава го одигра мечот со Шпанецот, Алехандро Давидович Фокина, а го го доби во два сета.

На Рубљев му беа потребни 104 минути за да го совлада 64-то рангираниот на АТП листата. Првиот сет шесторангираниот светски тенисер го доби со 6-4, а вториот со 7-5.

Русинот во следната рунда ќе игра против домашниот тенисер Јунчаокете Бу, кој е големо изненадување на овој турнир.

Победникот од тој меч ќе оди на мегдан со подобриот од дуелот меѓу светскиот рекет број 1, Јаник Синер и Чехот, Лехачка. Тие денеска по 13 часот ќе го одиграат третиот меч од четвртфиналето.

Претходно ќе се одиграат два меча, по кои ќе биде комплетиран првиот полуфинален пар. Во нив ќе играат (3.носител) Данил Медведев – Флавиот Коболи и (2) Карлос Алкараз против (7) Карен Кахчанов