Возачот на Дукати, Франческо Бања, триумфираше на спринтoт што се возеше како дел од Големата награда на Индонезија.
Актуелниот шампион ја оствари петтата победа во спринтот сезонава на патеката „Мандалика“ со 1.десетинки предност пред тимскиот колега Енеа Бастианини.
Трет заврши возачот на Гресини, Марк Маркез, кој беше 1,5.секундаи заостанување, иако во квалификациска сесија беше дури 12-ти.
Спринтот го одбележа и големата грешка на лидерот во генералниот пласман Хорхе Мартин. Тој ја имаше пол-позицијата, но излета пред крајот на првиот круг. Шпанецот иако успеа да се врати на патеката, сепак заврши на 10.место и остана без бодови.
Ваквиот исход доведе до тоа Бањаја да ја намали разликата во однос на Мартин на 12 поени во генералниот пласман.
15-тата трка во Мото ГП шампионатот на програмата е утре наутро (недела) со старт во 9 часот.