Во второто по квалитет европско клупско натпреварување, Лига Европа вечерва се комплетира првата рунда.
Во дербито на денот, одиграно на „Олимпико“ во Рим, екипата на Рома и Атлетик Билбао одиграа без победник 1-1. Домаќините поведоа со голот на новото засилување Украинецот, Артем Довбијк во 32-тра минута. Во вториот дел шпанскиот тим до израмнување стигна со погодокот на Аитор Паредез во 85-тата минута.
Во Амстердам, тимот на Ајакс го демолира турскиот Бешикташ совладувајќи го со 4-0.
И фудбалерите на Олимпик Лион се радуваа на победа пред своите симпатизери победувајќи го грчкиот Олимпијакос со 2-0.
Ајнтрахт во Франкфурт пред своите навивачи испушти два бода во дуелот со Викторија Плзен. Водеше германскиот тим со 3-1, но во последните минути прими два гола, а натпреварот заврши 3-3.
Во Португалија, екипата на Брага не само што се спаси од пораз од Макаби туку на крајот и славеше победа. Гостите од Тел Авив имаа предност од 0-1. Сепак Брума со два гола 88 и 90+4 од пенал му донесе триумф на португалскиот тим со 2-1.