Возачот на Дукати, Енеа Бастианини, триумфираше на Големата награда на Емилија Ромања, 14-та трка од сезоната во Мото ГП шампионатот.

На патеката „Марко Симончели“, Италијанецот ја оствари втората победа сезонава, а на тимот на Дукати му ја донесе 100-та победа во историјата.

Италијанецот направи клучен потег во последниот круг, кога го нападна Хорхе Мартин, малку го турна и дојде до водечката позиција. На крајот Шпанецот заостана пет секунди зад Бастианини, додека Марк Маркез се најде на третото скалило на подиумот.

Трката ја одбележа и грешката на бранителот на титулата Франческо Бања, кој излета од патеката на шест круга пред крајот до кога беше трет.

По ваквиот исход, Мартин сега има 341 бод на чело во Генералниот пласман. Бањаја заостанува 24, а Бастианини на третото место има 59 бодови.

Следната трка од Мото ГП шампионатот е веќе следната недела, за Големата награда на Индонезија.