Хравтскиот шампион Динамо Загреб ја продлабоќува својата криза. По „дебаклот“ во Минхен и поразот од Баерн со 9-2 во Лигата на шампионите, Динамо денеска се „сопнаа“ и во Копривница.
Смената на тренерот не му помогна на Динамо. Иако популарните „модри“ имаа предност од 0-1, сепак на крајот Славен Белупо славеше со убедливи 4-1.
Еден од четирите гола (последниот) беше дело на екс македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.
Што се однесува до македонските интернационалци во таборот на Динамо. Стефан Ристовски влезе во 46,минута, а Аријан Адеми воопшто не беше во составот.