Во машката ракометна Супер лига попладнево се одиграа пет натпревари од 3-тото коло. Фаворитите немаа проблеми, па Еурофарм Пелистер, Алкалоид и Охрид стигнаа до своите трети победи во новата сезона.

Во дербито на колото Алкалоид се радуваше по триумфот над Бутел со 34:27, а најефикасен беше Арно Бинго со 7 голови.

Шампионот Еурофарм Пелистер очекувано славеше победа на гости во Велес против Фриутленд Борец со 41:21. Свое шоу имаше репрезентативецот Филип Кузмановски кој постигна 13 голови од 13 удари.

Охрид беше сигурен на гостувањето во Прилеп за трета радост. Избраниците на Стевче Алушевски победија со 30:26.

Вардар постигна гостинска победа во Радовиш со 29:16, а стрелец на 14 голови беше Ашраф Маргели.

Единствената домашна победа ја постигна Струга со триумфот над Пролет со 34:29.

Поради евро настапот на кавадарчани одложен е дуелот Тиквеш – МРК Куманово.

СУПЕР ЛИГА – 3.коло
СТРУГА – ПРОЛЕТ 34:29
БУТЕЛ СКОПЈЕ – АЛКАЛОИД 27:34
ПРИЛЕП – ОХРИД 26:30
ФРУИТЛЕНД БОРЕЦ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21:41
18:30 РАДОВИШ – ВАРДАР 16:29
TИКВЕШ – КУМАНОВО одложено