Во „македонското дерби“ на шпанската Ла Лига екипата на Валенсија со 2-0 ја победи Џирона.
Ова беше дуел на двајца македонски репрезентативци, Столе Димитриевски и Бојан Миновски.
На триумфот се радуваше Димитриевски иако целиот меч го мина на клупата за резервни фудбалери, додека Миовски го одигра целиот натпревар.
Што се однесува до натпреварот. Двата гола беа постоигнати во вториот дел само за две минути. Прво Хуанпе (56) си постигна автоголот, а потоа (58) во листата на стрелци се запиша и Дани Гомез.
Ова е прва победа на Валенсија која на претходните пет натпревари претрпе четири порази. За Џирона денешниот е трет пораз.