Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), денеска ја објави најновата ранг листа на која Македонија останува на истата позиција.
Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија е 72-ро рангирана селекција во светот.
Ранкингот остана не променет во однос на претходниот иако црвено-жолтите одиграа два натпревари во Лигата на Нациите. Нерешениот резултат со Фарските Острови и победата над Ерменија не донесоа прогрес.
Нашите противници во Лигата на Нациите се со послаб ранкинг. Ерменија е 96-та, Летонија е на 139-тото место, а веднаш зад неа е селекцијата на Фарските Острови (140).
Што се однесува до ТОП 10-те таму нема промени. Лидер е актуелниот светски првак Аргентина пред Франција, Шпанија, Англија и Бразил. Потоа следуваат (од 6-10 место): Белгија, Холандија, Португалија и Колумбија.
Следното рангирање ФИФА ќе го натпревари на 24 октомври, а во меѓувреме Македонија ќе одигра два натпревари и тоа на гостински терен. На 10 октомври во Рига ќе играме против Летонија, а на 13 октомври во Ереван против Ерменија.