Во пладневен термин или точно во 12 часот во салата Автокоманда ќе се одигра вториот натпревар од второто коло од Супер лигата. Победникот на Купот Алкалоид треба да има лесна задача во дуелот со Радовиш, новиот суперлигаш, кој во првото коло убедливо загуби на домашен терен. Ова ќе биде убава можност и за тренерот Кирил Лазаров по двата дуела Вардар во првенството и Еурофарм Пелистер во Супер купот да има нешто „помирен“ натпревар.
Инаку, оваа рунда веќе стартуваше со натпреварот меѓу Вардар и Бисинов Фриут Ленд, кој вчера попладне „црвено-црните“ го добија со 31:24.
Првакот Еурофарм Пелистер ја пречекува Струга со почетокот во 18 часот, додека еден час порано во Куманово ќе почне натпреварот меѓу МРК Куманово и Прилеп.
Дербито на коло ќе се игра во Охрид, каде истоимената екипа го пречекува тимот на Бутел со почеток во 20 часот.
Последниот натпревар од колото во среда (18.септември) ќе го играат Пролет 62 и Тиквеш, поради настапот на кавадарчани во Европскиот куп со грчката екипа Драма. Овој натпревар се игра денеска во 17 часот во Грција.