Попладнево стартуваше новата сезона во женската ракометна Супер лига. Ракометарките на Вардар, во 1.коло на Ц групата, лесно го совлада тимот на Деспина со 33:21.

Вардарки уште на почетокот успеаја да поведат со 5:1. Домашната екипа не се откажа и во 18-тата минута намали на 8:5. Екипата на Деспина со серија 5-2 успеа да израмни на 10:10. По што следеше серија 4-1 на Вардар и повторно водството од 14:11.

Втората половина Вардар успешно одржуваше предност иако домашните се обидуваа да ја намалат негативата. Па така во 49-тата минута црвено-црните ја зголемија предноста на +8 (25:17). Крајниот резултат беше 33:21 за гостинската екипа.

Најефикасна од победничката екипа беше Леона Миленковска со осум погодоци, додека од Деспина Камческа даде шест и Цветкоска пет гола.

Се одигра и еден натпревар од Б групата во која Пелистер исто така убедливо со 38-26 славеше над Гевгелија.

СУПЕР ЛИГА ЖЕНИ – 1 КОЛО

А група
08/09/2024 СКОПЈЕ – АСТИБО 17:00 часот
08/09/2024 ЧАИР СКОПЈЕ – СТРУЖАНКА 19:00
Слободна е екипата на Ѓорче Петров 2

Б група
ПЕЛИСТЕР – ГЕВГЕЛИЈА 38-26
08/09/2024 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 20:00
Слободна е екипата на Куманово

Ц група
ДЕСПИНА – ВАРДАР 21-33
12/09/2024 ШАМПИОН – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 19:00
Слободна е екипата на СПАРТАК

Ивона Кимовска