Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија не го започна како што посакуваше својот настап во новото издание на Лигата на Нациите.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски на гостувањето во Торшавн, одиграа без победник 1-1 со Фарските Острови.
Лошо започна натпреварот за Македонија. Во 8-минута по прекршокот што го направи Иљазовски во нашиот шеснаесетник беше досуден пенал за домаќинките. Сигурен реализатор беше Давидсен за водство на Фарските Острови од 1-0.
Во 19-тата минута Чурлинов имаше идеална можност да израмни. Од ситуација во која беше полесно да се погоди отколку промаши, тој го стори она второто.
По само две минути игра во вториот дел, Македонија стигна до израмнување и тоа од пенал кој го реализира капитенот Барди.
Дека Чурлинов е далеку од посакуваната форма тоа се потврди во 57.минута кога повторно изби сам, но сега го погоди домашниот голман. Уште поидеална шанса имаше Ќамили во 69.миута од 4-5 метри биеше над голот.
Притискаа македонските фудбалери да стигнат до втор го и трите бода, но резултатот остана не променет, па од Торшавн се враќаат со два бода помалку од планираното.
Македонските фудбалери се враќаат во Скопје каде во вторник (10 септември) ќе ја пречекаат Ерменија
(20.45 часот), која денеска игра против Летонија.