Најдобрата македонската фудбалска репрезентација денеска го стартува новиот настапот во Лигата на нациите.
Македонија ќе игра во третата квалитативна „Ц“ конкуренција. Во неа, за конкуренти во групата ги ила Фарските острови, Ерменија и Летонија.
Селекторот Благоја Милевски, но и најголемиот дел од репрезентативците, во своите изјави деновиве најавија, целта е да се биде прв во групата.
За остварување на посакуваното, црвено-жолтите ќе мора да започнат со победа на денешното гостување во Торшавн. Македонските фудбалери одамна се немаат израдувано на триумф, па редно е да се прекине тој „пост“.
Со кој тим Милевски ќе го нападне голот на Фарските Острови, останува да видиме, но кој и да излезе на теренот ќе мора да го даде максимумот.
Дуелот од групата 2, Фарски Острови – Македонија ќе почне од 15 часот. Во вториот натпревар од оваа група (18 часот) Ерменија ја пречекува Летонија.