Со петте натпревари што се одиграа денеска, започна новата сезона во македонското ракометно првенство. Фаворитите во Супер лигата кои настапија денеска ја оправдаа улогата.
Иако требаше дополнително да се испотат, ракометарите на Еурофарм Пелистер во вториот дел го скршија отпорот на Тиквеш. На дуелот во Кавадарци домаќините по првиот дел имаа постојана предност (освен нерешените 2-2). На одмор Тиквеш замина со два гола предност 17-15. На стартот на второто полувреме актуелниот шампион направи серија од 6-0 и поведе со четири разлика (21-17). Тоа се покажа како решавачки момент па пелистерци ја впишаа првата победа со конечни 31-27.
Сезоната со ибедливи победи ја почлнаа ракометарите на Охрид и Бутел. Во Радовиш, охриѓани славеа со двојна разлика (18 гола), а во Скопје Бутел со 17 разлика го победи Куманово.
Новајлијата во суперлигашката конкуренција велешки Бисинов Ф.Л. се радуваше на првата победа и тоа гостинска кај Струга. Единствено немаше победник на натпреварот меѓу Прилеп и Пролет.
Премиерното коло ќе биде заокружено утре со дербито во Автокоманда, каде Алкалоид ќе го пречека Вардар.
СУПЕР ЛИГА МАЖИ – 1 КОЛО
денеска
БУТЕЛ СКОПЈЕ – КУМАНОВО 29-12
СТРУГА – БИСИНОВ ФРУИТ ЛЕНД 30-31
ПРИЛЕП – ПРОЛЕТ 30-30
РАДОВИШ – ОХРИД 18-36
ТИКВЕШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 27-31
утре
АЛКАЛОИД – ВАРДАР 19 часот