Во супер позитивна атмосфера, како никогаш досега, македонските фудбалери го чекаат дуелот со Фарските Острови.
Тоа е првиот меч од новото издание на Лигата на Нациите.
Капитенот на црвено-жолтите, Енис Барди потенцира дека сите во тимот со нетрпение го очекуваат утрешниот меч и дека ќе го дадат најдоброто од себе.
„Атмосферата секогаш е добра кога се игра за Македонија и можеби на овој собир имаме најдобра енергија.
Не треба да ни недостасува желба и треба да излеземе и просторот кој противникот ќе ни го понуди да го искористиме”,
вели Барди.
Во продолжение изјавата на капитенот на Македонија.
Дуелот Фарски Острови – Македонија ќе се игра утре во терминот од 15 часот.