На задоволство на домашната публика, Американката, Џесика Пегула обезбеди пласман во полуфиналето на последните Гренд-слем, УС Опен.
30-годишната Пегула направи големо изненадување совладувајќи ја најдобрата светска тенисерка Ига Швјонтек.
Во мечот што траеше час и 29 минути, Пегула со 6-2 и 6-4 ја совлада топ фаворитката.
Пегула за место во финалето ќе се бори со Каролина Мухова. Чешката тенисерка во два сета со 6-1 и 6-4 ја победи Бразилката, Беатриз Хадада Маиа.
Првиот полуфинален пар кај дамите го сочинуваат второрангираната светска тенисерка Арина Сабаленка и Американката, Ема Наваро.