Македонската тенисерка Лина Ѓорческа по само еден одигран меч го заврши својот настап на турнирот во Виена.

На ИТФ В75 турнирот, Ѓорческа е елиминирана во првата рунда од Србинката, Лола Радивојевиќ. Во мечот што траеше 2 часа и 19 минути, Србинката беше подобра со 2:1 во сетови.

Тетовката направи два брејка (втор и дванаесетки гем) и го доби првиот сет со 7-5.

Сепак, Србинката која е 67 позиции послабо рангирана од Ѓорческа (206-та) на ВТА листата, одигра фантастично во продолжението. Радивојевиќ на Лина и препушти само пет гема во следните два сета кои ги доби со 6-2 и 6-3.

Ова беше втор меѓусебен дуел на овие две тенисерки, а Србинката беше подобра и во 2022-та во Истанбул.