Со натпреварот во Гевгелија, што ќе се игра попладнево од официјално започнува новата ракометна сезона во Македонија.
За трофејот во Супер купот ќе се борат се борат актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и освојувачот на Купот, Алкалоид.
За тимот предводен од селекторот Кирил Лазаров ова е деби во Супер купот, откако за прв пат во својата кратка историја во мај месец го освоија првиот трофеј. А, до него „фармацевтите“ од Автокоманда стигнаа совладувајќи го токму Пелистер во финалето, и тоа по подоброто изведување на седмерците.
Сега зелено-белите ќе сакаат пред се да му се реваншираат на Алкалоид кој не им дозволи сезоната да ја завршат со двојна „круна“. Воено пелистереци веќе имаат искуство во овој сегмент. Тие и лани се бореа за Суперкуп трофејот, но беа поразени од Вардар.
И двете екипи заедно со вардарци, но и Охрид и Тиквеш во претстојната сезона ќе бидат оние кои ќе се борат за највисок пласман и за трофеите.
Дуелот Еурофарм Пелистер – Алкалоид ќе почне во 19 часот, а ќе може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.