Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија трет ден се подготвува за двата воведни натпревари во новото издание на Лигата на нациите.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски во позитивна атмосфера ги чекаат дуелите со Фарските Острови и Ерменија.

Кристијан Трапановски со своите одлични настапи во дресот на шкотскиот Данди Јунајтед, заслужено доби повик во селекцијата.

Тој ќе го чека своето деби во црвено-жолтиот дрес, со желба Македонија да заврши како прво рангирана во групата 4 во која е и селекцијата на Летонија.

„Чувствувам дека долго време сум тука, иако прв пат сум со најдобрата репрезентација.

Нашата цел е да бидеме први и да се пласираме во следната фаза во Лига на нации.

Нашиот тим е многу поквалитетен од Фарски Острови, теренот и временските услови сметам дека не треба да ни претставуваат проблем. Треба да бидеме со вистински пристап и да ги освоиме трите бода“,

вели Трапановски. 

Првиот натпревар македонските фудбалери ќе го играат на гости кај Фарските Острови на 7 септември (15 часот).

Три дена подоцна (10 септември) во Скопје ќе ја пречекаат Ерменија (20.45 часот).

Картите за овој натпревар се пуштени во продажба, а може да се купат преку продажната мрежа на MKTickets по цена од 200 и 400 денари.