На задоволство на домашната публика, првиот полуфинален пар на УС опен кај мажите го сочинуваат двајца Американци.

Домаќините ќе имаат финалист на последниот Гренд слем годинава, бидејќи Тејлор Фриц и Френис Тиафо ќе играат во полуфиналето.

Ова откако 12-носител Фриц во четири сета го совлада четвртиот носител Александер Зверев од Германија.

Неговиот сонародник Тиафо го доби четвртфиналниот меч со Григор Димитров. Бугаринот во четвртиот сет при водство на Американецот со 2:1 и 4-1, се повлече.

Останува за видиме кои двајца тенисерки ќе го сочинуваат вториот полуфинален пар. Првиот носител Јаник Синер и петтиот Данил Медведев односно (10) Алекс де Минаур и Џек Дрејпер, ќе се борат за место во топ четирите.