Двете најдобри тенисерки на светот и топ фаворитки за титулата Ига Швјатек и Арина Сабаленка се пласираа во осминафиналето на УС опен. Затоа пак актуелната шампионка Коко Гоф нема да има шанса да го брани трофејот.
Швјатек и Сабаленка со идентичен резултат во сетовите, ги победија Пављученкова и Мартенс.
Првата фаворитка Швјатек славеше со 6-4 и 62 над Русинката, Павључекова и закажа четвртфинале повторно со Русинка, сега Самсонова
Втората на ВТА и ланска финалистка Сабаленка со 6-2 и 6-4 ја победи Мартенс од Белгија. Следна противничка на Белорусинката ќе биде олимписката шампионка Женг.
Кинеската тенисерка во реприза на финалето на игрите во Париз, ја победи Хрватката, Векиќ со 2:1 во сетови.
Домашната миленичка и бранителка на трофејот Коко Гоф по 2 час и 14 минути игра загуби од сонародничката Ема Наваро. Првиот сет и припадна на Наваро со 6-4, а Гоф возврати во иста мерка (4-6). Решавачкиот трет сет 13-тата на ВТА листата Наваро, го доби со 6-3, па во осминафиналето ќе игра со Бадоса од Шпанија.