Најдобрата македонска фудбалска репрезентација на Македонија, во наредните денови го почнува новиот циклус на натпревари во Лигата на нациите.
Селекторот Благоја Милевски на поширокиот список има 26-мина фудбалери, кои денеска полека се собираат во „базата“ хотелот „Хилтон“ во Скопје.
Како и досега и овојпат видно е позитивното расположение меѓу репрезентативците, кои со нетрпение ги исчекуваат првите два натпревари.
Мини подготовките ќе се одвиваат на тренинг центарот на ФФМ во непосредна близина, по што следува патувањето за Торшавн. Таму на 7 септември ги чека дуелот со Фарските Острови.
Потоа во Скопје („Тодор Проески“, Скопје, 20:45 часот), на 10 септември ќе се игра натпреварот птотив Ерменија.
во нашата група е и селекцијата на Летонија против која првиот меч ќе го играме на 10 октомври на гостински терен.