Најдобрата светска тенисерка Ига Швјатек и Беатрис Хадад Маиа се последните кои обезбедија пласман меѓи 16-те најдобри на УС Опен.
Прворангираната на ВТА листата, Швјатек во два сета ја победи Русинката, Анастасија Пављученкова 6-4 и 6-2.
Полската тенисерка во осминафиналето повторно ќе игра со Русинка, а за противничка ќе ја има Људмила Самсонова.
22-рата на ВТА листата, Хадад Маиа исто така одигра два сета со руската тенисерка Ана Калинскаја. Бразилката го доби мечот со 6-3 и 61 и во осминафиналето ќе игра против Каролине Вознјацки од Данска.